Потребна ви е помош?
+389 79 226 536

Напреден пакет за грижа, одржување и сервис на уреди

3.399 ден.
  • Шифра:2-napreden-paket-odrzuvanje
  • Достапност:На залиха

Напреден пакет за грижа, одржување и сервис на уреди

Цена: 2880 ден. + 18% ДДВ месечно
Вклучува 4 работни часа месечно во работно време од понеделник до петок од 8 до 16 часот

Ги покрива следните активности:
 
· Tековна проверка на хардвер (Лаптопи, десктоп компјутери, сервери, пасивна мрежна опрема (кабли, канали и конектори), активна мрежна опрема (рутери, свичеви, модеми), печатачи и скенери, УПС-и)
· Механичко (физичко) чистење и сетирање на хардвер
· Тековен бекап на податоци
· Тековна проверка на оперативна средина, нејзино апдејтирање и решавање проблем доколку постои (Windows, Office, антивирус програми и сѐ останато што ќе биде дефинирано во договорот)
· Служба за помош и далечинско решавање проблем во работни денови (понеделник до петок од 8 до 16 часот)
· Интервенција на повик на лице место во работни денови (понеделник до петок од 8 до 16 часот)

Секој нареден потрошен час ќе биде фактуриран по цена од 1100 ден. + ДДВ за основни сетирања и инсталации или 1800 ден. + ДДВ за активности поврзани со сервис на електронски уреди, рачни компјутери или напредно сетирање на активна мрежна опрема.
 
Патните трошоци за интервенции на лице место ќе бидат дополнително фактурирани по цена од 15 ден. + ДДВ по километар (во двата правци).
 
50% од неискористените часови ќе бидат достапни за користење во текот на наредниот месец.
 
За секоја извршена контрола и сервис ќе се врши редовна евиденција. Сите детерминирани проблеми и реализирани активности за нивно решавање ќе бидат уредно документирани. 
 
Доколку станете корисници на нашите пакети за грижа, одржување и сервис на уреди, за набавка на хардверска опрема и решенија во иднина ќе добивате проектни цени и дополнителни попусти.  
 
Во случај кога при интервенција се утврдува дека има потреба од промена на дел или компонента, соодветниот дел се наплаќа, додека интервенцијата (промената на делот) влегува во цената на пакетот, освен ако закупените часови од пакетот не се претходно потрошени. 
 
Договор за користење на секој од пакетите за грижа, одржување и сервис се потпишува на најмалку 6 месеци. 
 
Постои можност за помош, далечинско решавање проблеми и интервенции ВОН работно време. Цените и условите се дефинираат во договор со корисникот на пакетот.

Не двоумете се да нѐ контактирате на info@ssbkompjuteri.com или sales@ssbkompjuteri.com со Вашите барања за понуда, дополнителни прашања или образложение на проблемот на кој ние имаме решение!
 
Телефонски броеви и лица за контакт: 
Канцеларија +389 79 226 536
Никола Аврамоски +389 75 243637
Ана Аврамоска +389 75 464 572

 

Напишете коментар

Ве молиме најавете се или регистрирајте се за да оставите коментар

Слични производи